За килограм смедеревка 8 денари, за вранецот 10 денари

Bez autora
Aug 24 2011

"Смедеревката" да се откупува по 8, а "вранецот" по 10 денари за килограм побараа лозарите пред претстојниот откуп на грозјето. Претставници на лозарите на работната средба со вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски и со министерот за земјоделство, Љупчо Димовски побараа откупот на грозјето да се врши по претходно склучени договори во кои ќе бидат прецизирани количините што се преземаат, квалитетот, цената и рокот на плаќање. Воедно апелираат при утврдувањето на квалитетот, наместо т.н. широмери, да се користат исклучиво сонди зашто само така е можна, велат, реална проценка. Ценовниците мора да бидат истакнати на вагите пред откупот. Мерните инструменти со кои се оценува квалитетот на грозјето треба да одговараат на законските норми. Ние сме против употреба на широмери зашто со нив мерењето е субјективно зависно дали пробата е земена од зрел или зелен грозд. Само ако се употребуваат сонди, оценката на квалитетот е реална - изјави претседателот на Асоцијацијата на земјоделци, Евтим Шаклев...

За килограм смедеревка 8 денари, за вранецот 10 денари"Смедеревката" да се откупува по 8, а "вранецот" по 10 денари за килограм побараа лозарите пред претстојниот откуп на грозјето.

Претставници на лозарите на работната средба со вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски и со министерот за земјоделство, Љупчо Димовски побараа откупот на грозјето да се врши по претходно склучени договори во кои ќе бидат прецизирани количините што се преземаат, квалитетот, цената и рокот на плаќање. Воедно апелираат при утврдувањето на квалитетот, наместо т.н. широмери, да се користат исклучиво сонди зашто само така е можна, велат, реална проценка.

- Ценовниците мора да бидат истакнати на вагите пред откупот. Мерните инструменти со кои се оценува квалитетот на грозјето треба да одговараат на законските норми. Ние сме против употреба на широмери зашто со нив мерењето е субјективно зависно дали пробата е земена од зрел или зелен грозд. Само ако се употребуваат сонди, оценката на квалитетот е реална - изјави претседателот на Асоцијацијата на земјоделци, Евтим Шаклев.

Лозарите предлагаат да има два денара субвенции за килограм продадено грозје, но и исто толкава поддршка за винарските визби доколку го почитуваат договорот за откуп, односно доколку не отстапат од договорената минимална цена. Според нив, неопходно е и точно да се одреди почетокот на бербата зависно од сортата и регионот.

Производителите бараат инспекцијата да врши надзор на откупот, максималниот рок на исплата да биде 180 дена и на сите поголеми пунктови да има претставници на лозарите. Еден од проблемите со кои се соочуваат лозарите е односот на дилерите кои при откупот ги застапуваат поголемите винарски визби. 

- Дилерите се уште не им ги исплатиле парите на производителите иако визбите тврдат дека им ги префрлиле. Затоа веќе не сакаме да имаме работа со нив. Тие нека си ја добијат провизијата од откупувачот што ги ангажирал, но нам нека ни плати директно визбата - посочи Шаклев. Пешевски и Димовски ги информираа лозарите дека завчера имале средба со претставници на винарските визби, по што се очекува да закажат состанок на кој ќе се додефинираат активностите околу откупот со цел елиминирање или навремено решавање на евентуалните проблеми.

Годинава во Македонија се очекува да бидат собрани околу 190.000 тони винско и 60.000 трпезно грозје. Производителите велат дека квалитетот е одличен. Залихите вино во визбите се проценуваат на 50 милиони литри што, според лозарите, не е алармантно.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik